Навивачите на Бешикташ воодушевија со својот потег на дуелот против Анталијаспор, кога на теренот точно на 4 минути и 17 секунди фрлија илјадници плишни играчки кои треба да бидат подарени на децата кои останаа без своите домови, но и без своите родители по разорниот земјотрес кој се случи на почетокот на февруари во Турција.
Слики со фрлените плишани играчки на теренот го обиколија целиот свет. Но, по овој чин од трибините започна да се скандира против власта во Турција и се бараше оставка на претседателот Ердоган.
Ваквиот потег на навивачите од властите во Турција бил оценет како провокација и скандалозен. Делегатите на мечевите Фенербахче – Коњаспор и Бешикташ – Анталијаспор во извештаите напишаа дека однесувањето на навивачите било непристојно и клубовите се соочуваат со санкции.
Најавите се дека двата гиганти од Истанбул во следниот период ќе играат со затворени трибини, односно без присуство на гледачи, а најдрастична мерка би било сите средби до крајот на првенството во Турција да се играат пред празни трибини. Фудбалскиот сојуз на Турција ги повикал претставниците на Здружението на клубовите да разговараат на темата за играње без гледачи до крајот сезоната.