Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески во емисијата „Клик плус” на ТВ 21 истакна дека со зајакнување на парламентарното мнозинство во европската коалиција застануваат сите прогресивни сили наспроти дегресивните, предводени од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Не можам да најдам логика во однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, по се што зборувале ако ништо друго, барем очекувате гласање против. Така беше и со заклучоците за францускиот предлог. Кога дојде да се гласа договорот со Фронтекс со чист македонски јазик, официјален, европски, еднаков со сите официјални 26 јазици во Европската Унија, не беа во сала, не го гласаа тој договор”, рече Митрески, додавајќи дека ова се повтори и со последната седница, кога десет дена зборуваа навреди, клевети, а кога дојде време за гласање, нема глас против.
Во врска со уставните измени Митрески нагласи дека со внесувањето на Бугарите во Уставот се прави дистинкција, дека се работи за два различни народи македонскиот и бугарскиот.
Најмалку е важно дали ќе ја отвориме во Собранието постапката за отворање на Уставот. Во овој случај поважно е гледање на фактите во очи, што значи внесување на Бугарите во Уставот. Јас неколку пати сум кажал, и на собраниска седница дека треба да бидеме сериозни и свесни дека не си го побиваме македонскиот идентитет. Внесувањето на Уставот ќе значи разделба на народи. Со внесувањето на Уставот сами правиме дистинкција, истакна Митрески.
Координаторот Митрески нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори дали е точно дека даваат гаранции по амбасади дека кога ќе бидат на власт ќе се случат уставните измени.
Треба да се разговара која е алтернативата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и да се праша зошто би ги поддржала уставните измени после избори, а не сега, истакна Митрески.
Митрески нагласи дека ВМРО-ДПМНе прави опструкции и блокади во собранието, шири лаги. кои на краток рок носат политички поени, како обвиниувањата за асимилација, за македонскиот јазик како бугарски дијалект.
ВМРО-ДПМНЕ велеше дека имало незадоволни пратеници од СДСМ кои нема да гласаат за Владата и уставните измени, но тоа е исто како да кажат дека тие имаат 61 пратеник и актуелното мнозинство паднало, рече Јован Митрески.
Очекувам дека европскиот блок ќе расте во следниот период во Собранието, а како ќе се настапува на наредните парламентарни избори ќе видиме понатаму, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ Јоцан Митрески во емисијата „Клик плус” на ТВ 21.