Го поздравуваме чекорот со кој приватните превозници постигнаа договор со Градот Скопје, и исплата на долгот од 1.5 милиони евра кој Данела Арсовска конечно го призна дека постои.
Со оглед на фактот што истото го тврдеше ВМРО-ДПМНЕ во континуитет, а Арсовска и нејзиниот коалиционен партнер Апасиев, и уценетата ГРОМ велеше дека наводно така сме штителе приватен интерес, не обраќајќи внимание на посочениот факт дека нема поголем интерес од правото на јавен превоз кој Арсовска го и скрати, јавно прашуваме:
Апасиев да одговори дали се уште мисли дека решавањето на проблемот со јавниот превоз е штитење на приватен интерес?
Арсовска да одговори зошто лажеше дека ЈСП нема никаков долг кон приватните превозници?
Дали власта во Градот Арсовска, Апасиев, СДС и ГРОМ се спремни да ги подмират штетите од хаосот со јавниот превоз?