Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на Град Скопје
Арсовска да не го злоупотребува градот Скопје за нервозни и партиски соопштенија од коалицијата на власт СДС, Левица и уценетата ГРОМ.
За рекетари Арсовска треба да си провери во својот двор. Таму ќе види еден сметководител кој се преставува за татко на градот, во име на мајката на градот и еден екс удбаш полицаец во пензија. Може да си провери и во коалицијата која ја поддржува. Поголеми рекетари од купчето СДС, фолирантите Левица и ГРОМ нема да најде, а за рекетарските вештини на Арсовска јавноста допрва ќе се запознае.
Околу суштината, добро е што најпосле Арсовска најде решение.
Но прашањата кои заслужуваат одговори:
Апасиев да одговори дали сеуште нисли дека решавањето на проблемот со јавниот превоз е штитење на приватен интерес?
Арсовска да одговори зошто лажеше дека ЈСП нема никаков долг кон приватните превозници?
Дали е спремна да ги подмири штетите од хаосот во јавниот превоз?