На снимка која ја објавија грчките медиуми може да се види како кранот со внимателни движења ги отстранува остатоците од вагонот, додека дрон од воздух ги бара исчезнатите по страшниот судир во Грција.
Во тек е голема операција за пребарување и спасување на патниците кои биле во возот.
Најмалку 36 лица загинаа синоќа кога патнички и товарен воз се судрија кај кај Лариса во Грција.
Голем број повредени се пренесени во болницата во Лариса, додека повеќето загинати се студенти.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска напладне се очекува да го посети местото на трагедијата.