Неверување, очај и гнев владеат во Грција откако десетици луѓе загинаа во најтешката железничка несреќа во историјата на земјата. Според извештаите на медиумите, најмалку 42 лица загинале , 50 и 60 лица се водат како исчезнати. Несреќата се случила на 534 километри северно од Атина, кога брз патнички воз со околу 350 патници, кој се движел од Атина кон Солун, се судрил со товарен воз во близина на градот Ларис, а потоа излетал од шините и се запалил.
Поради трагедијата во Грција е прогласена тридневна жалост.
Причината за несреќата се уште не е позната, а истрагата ќе треба да одговори на прашањето како е можно двата воза кои се судриле да минуваат цел километар по иста пруга.
Ова е најтешката сообраќајна несреќа во Грција во последните неколку децении.
Преживеаните во брзиот воз, во кој се превезувале околу 350 луѓе, рекле дека се сеќаваат само дека возот ненадејно запрел, по што вагоните биле зафатени од пламен. Многумина избегаа од пламените јазици преку прозорците, додека други беа исфрлени од возот при судирот и паднаа до 40 метри.
Спасувачите ги пребаруваат остатоците од возот што тлеат. Во блискиот град Лариса, десетици луѓе се собраа во локалната болница чекајќи вести за своите најблиски.
Никос Макрис седел со сопругата на тротоарот пред болницата, чекајќи вести за неговата снаа, која била во посета на семејството во Атина. Други чекаа на приземјето на зградата на болницата, многумина од нив плачеа.
„Таа ја нема. Овде чекаме од два часот наутро“, рече тој.
Се уште не е познато како возовите завршиле на истата пруга.
„Поради грешката на еден идиот, загинаа толку многу деца и луѓе“, рече тој, а неговата сопруга плачеше.
Другите беа многу лути. Роднина на една од жртвите извика: „ Некој гад мора да плати за ова“.
Многу од жртвите беа студенти кои се враќаа дома во Солун по долгиот викенд за почетокот на Грчкиот православен пост.
„Ќерка ми ми се јави и ми рече: „Гориме“, изјави еден маж за државната телевизија ЕРТ.
„Косата и гореше, врескаше“.
„Настана паника, се запалија каблите, огнот веднаш се прошири, а додека се вртевме горевме, огнот беше лево и десно од нас“, изјави 28-годишниот патник Стергиос Миненис.
Друг патник во еден од последните вагони рече дека почувствувал како возот се тресе и потоа се превртел.
„Успеав да излезам и да тргнам напред, возот беше свиткан под агол од 90 степени, половина висеше над карпата и гореше. Имаше пет повредени каде што стоев“, рече тој.
Долината Темпи, каде што се случи несреќата, има лоша репутација за несреќи. Во сообраќајна несреќа во тој реон во 2003 година загинаа 23 училишни деца.