Почина Жист Фонтен најдобриот стрелец на Мундијалите

Францускиот, но и светскиот фудбалски свет е во тагува по информацијата за смртта на легендарниот Жист Фонтен (90 години), пренесува „Л’Екип“.

Фонтен е рекордер по бројот на постигнати голови на едно Светско првенство, откако во 1958 година во Шведска дури 13 пати се запишуваше во листата на стрелците. Кариерата ја започна во родното Мароко во тимот на УСМ Казабланка, а потоа играше за Ница и Ремс. За француската репрезентација одигра вкупно 21 натпревар и постигна 30 голови.

По завршувањето на фудбалската кариера ја предводеше француската репрезентација во 1967 година, а беше и тренер на Пари Сен Жермен и Тулуз, додека од 1979 до 1981 година беше селектор на Мароко.

Треба да знаете
Последни објави