Ажурирањето на апликацијата SmartThings на сериите часовници Galaxy Watch5 и Watch4 нуди попаметна контрола на домот

Корисниците сега можат да уживаат поголема контрола над својот паметен дом со најновото ажурирање на апликацијата SmartThings на Galaxy Watch

Корисниците на Samsung Galaxy Watch часовниците можат да уживаат во полесна и „поудобна“ контрола на поврзаните уреди директно од нивниот зглоб со најновото ажурирање на апликацијата SmartThings. Сега тие не мора да ја отвораат апликацијата – тие едноставно можат да лизгаат десно на екранот на часовникот за да пристапат до апликацијата SmartThings. Со овие нови функции, корисниците на сериите Galaxy Watch5 и Watch4 ќе можат да го користат нивниот Galaxy Watch за инстантна заштита на домот и следење од каде било.

Ажурирани функции на апликацијата SmartThings за Galaxy Watch (v1.1.08):

• Пренесување во живо на домашни камери со фунцкиите Ring and Nest кои за прв пат го поддржуваат протоколот WebRTC. Корисниците може директно да разговараат со гостите кои го посетуваат нивниот дом преку нивниот Galaxy Watch.

• Директна контрола на уредите на Samsung како што се: SmartTag, прочистувачи на воздух, термостати и ролетни на Galaxy Watch, што претходно беше достапно само преку паметен телефон.

• Меѓу новите функции се:
– SmartTag: почеток/стоп на ѕвонење и контрола на јачината на ѕвонењето
– прочистувачи на воздух: прилагодување на брзината на вентилаторот
– термостати: прилагодување на температурата и контрола на поставената температура за греење/ладење,
– ролетни: три стандардни команди (отвори, затвори, стоп), прилагодување на нивото на ролетните

• Далечински управувач на вашиот поврзан ТВ уред преку Galaxy Watch. Со новата контролна функција од уред до уред (D2D), која беспрекорно го спојува Galaxy Watch со Samsung Smart TV .

Треба да знаете
Последни објави