До неколку основни и средни училишта во Скопје и денеска пристигнаа дојави за наводно поставени експлозивни направи.
Наставата траела само 15 минути. По дојавите, објектите се евакуиарни, а учениците испратени дома за онлајн да ја продолжат наставата.
Пријави за наводно поставени бомби има и во гимназиите „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Никола Карев”, „Орце Николов”.
Во тек се безбедносни проверки.