Премиерот Ковачевски ја симна политиката на едно најниско можно ниво од формирањето на македонската демократија со тоа што го внесе своето семејство и членови на неговото семејство во политичкиот ринг, што е крајно недозволиво и невкусно, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на денешната собраниска седница
Ковачки потенцираше дека три месеци наместо да се работеше на најавуваните реформи од страна на Владата на СДСМ и ДУИ тие три месеци ја тормозеа јавноста со зголемено мнозинство,
„Видовме дека мнозинството не е зголемено. Пред нас седи човек кој троши 26,000 евра за себепромоција затоа што очигледно дека нема друг начин како да допре до граѓаните па плаќа со народни пари по социјални мрежи сопствено рекламирање. Човек кој ги остави денес маркетите без леб а за тоа не носи никаква одговорност. Премиерот молчеше за предложените министри и заменици и не кажа ниту позитивен ниту негативен збор што е непочитување кон народните избраници”, рече Ковачки
Тој посочи дека на секојдневните дојави за бомби кои земаат огромна френкфенција и немаме училиште или институција која не ни е нападната условно кажана од дојавувачи за бомби а премиерот не носи никаква одговорност или преземање мерки за истото да се излечи таа причина.
„Премиерот поддржува министри кои го разградуваат одбранбениот и безбедносниот систем во целина, Премиер кој предлага заменик министер за одбрана за кој законски е спорно добивањето безбедносен сертификат државна тајна”, истакна Ковачки.