Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе се обрати на настанот по повод завршувањето на твининг проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“.
Целта на проектот, како што информираат од ресорното Министерство, е усогласување на националното законодавство со европското право, како и поддршка на капацитетите на институциите полесно да ги совладаат предизвиците што следат во пристапните преговори.