Денвер синоќа на гостински терен го совлада Хјустон со 133:112 во натпревар од кошаркарската НБА-лига што го одбележа српскиот интернационалец Никола Јокиќ кој го оствари својот 100. трипл-дабл во најсилната лига на светот.
Јокиќ учествуваше во победата на Денвер со 14 поени, 11 скокови и 10 асистенции.
Со тоа српскиот центар стана само шести играч во историјата на НБА со најмалку 100. трипл-дабл остварувања.
Пред него на вечната листа се Расел Вестбрук (198), Оскар Робертсон (181), Меџик Џонсон (138), Џејсон Кид (107) и Леброн Џејмс (106).