Маж од САД кој мина 38 години во затвор за убиство сега е прогласен за невин

Судија во Лос Анџелес ослободи човек кој поминал повеќе од 38 години зад решетки за убиство извршено во 1983 година.

Морис Хестингс беше ослободен од лани, откако ДНК доказите укажаа на друг осомничен. Судијата ја укина пресудата минатиот октомври на барање на обвинителите од Окружното обвинителство и адвокатите на Хестингс од Проектот за невиност во Лос Анџелес.

Обвинителите и адвокатите на Хестингс побараа од судијата Вилијам К. Рајан да преземе дополнителни чекори за да го прогласи Хејстингс невин за убиството, извршено пред повеќе од 40 години. Вчера судијата го прогласи Хестингс за „всушност невин“, што значи дека дефинитивно е докажано дека Хестингс не го извршил делото, пренесува CBS.

„Тоа значи многу. Благодарен сум за пресудата на судијата и извинувањето – денес сè беше прекрасно. Подготвен сум да продолжам со мојот живот. Денес сум среќен човек“, рекол Хестингс по сослушувањето.

Окружниот обвинител Џорџ Гаскон тврди дека Хестингс „преживеал кошмар“.

„Тој помина речиси четири децении во затвор обидувајќи се секој пат да ја докаже својата невиност, додека постојано беше одбиван. Но Хестингс остана цврсто и убеден дека еден ден ќе слушне судијата да го прогласи за невин“, додаде Гаскон. Тој верува дека пресудата ќе го отвори патот за барање можна отштета.

Кога Хејстингс беше ослободен во октомври, Гаскон рече: „Системот потфрли. Системот ги уништи жртвите“. Тој го пофали Хестингс за неговиот „карактер“ и „посветеност“, велејќи дека разговарал со него многу пати и никогаш не почувствувал гнев или омраза.

Хестингс беше осуден за убиство на Роберта Вајдермаер, која беше застрелана во главата. Нејзиното тело беше пронајдено во багажникот на нејзиното возило во градот Инглвуд, во близина на Лос Анџелес. Хестингс беше осуден на доживотен затвор без можност за условно ослободување.

Треба да знаете
Последни објави