Вечерва, заедно со дел од раководството на МВР, бев во скопски Чаир во посета на полициски службеници кои преземаат сообраќајни активности во овој дел од градот Скопје, во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и санкционирање на возачите кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи напиша Спасовски.
Посетата е продолжение на серијата средби со полициските службеници на терен, каде на лице место во работна атмосфера, директно на терен се информирам како се остваруваат предвидените планови и задачи.
Уверен сум дека ќе се продолжи и понатаму со зголемување на ефикасноста во санкционирањето на возачите кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а сето тоа во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот како еден од врвните приоритети.