Средба на членовите на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците на АОПЗ

 Комитетот за односи меѓу заедниците, заедно со Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, денеска ќе оствари работна посета и средба со Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ).

Како што се наведува во соопштението, целта на посетата е реализација на Програмата за работа на Комитетот за 2023 година и остварување на правата на заедниците и поголема интеграција на припадниците на заедниците.

Оваа средба со АОПЗ е продолжение на заедничките активности со Комитетот и веќе добро воспоставената меѓусебна соработка која треба да продолжи и постојано да се надоградува и унапредува. 

Треба да знаете
Последни објави