(Видео) Киев тајно разви моќно оружје, поразорно од ХИМАРС: „Ќе биде подготвено за контраофанзива“

Минатата недела окупираниот украински град Мариупол, кој е под контрола на Русите од мај минатата година, го затресоа серија експлозии. Бидејќи е оддалечен околу 80 километри од најблиските позиции на украинските сили, веднаш се наметна прашањето со кое оружје се гаѓало ова пристаниште на Азовското Море, бидејќи американскиот ракетен систем HIMARS, барем со проектилите за кои се знае дека досега се доставени до Украина, таа цел не можеше да се постигне.

И додека се шпекулираше дека можеби станува збор за серија успешни напади на украинските војници длабоко зад непријателските линии, се појави нова теорија која може многу повеќе да ги загрижи Русите, пишува Јутарњи лист.

https://twitter.com/am_misfit/status/1631542284398510087?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1631542284398510087%7Ctwgr%5Ee518ecf8dab9947ebc7149200beb9f6d6c8958f0%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bad0b8d0b5d0b2-d182d0b0d198d0bdd0be-d180d0b0d0b7d0b2d0b8-d0bcd0bed19cd0bdd0be-d0bed180d183d0b6d198d0b5-d0bf%2F

Украина за време на војната тивко развиваше сопствен ракетен фрлач кој има значително поголем дострел од кој било сличен систем (HIMARS, M-270) што западните сојузници и го доставија на 24 февруари минатата година.  Украинскиот систем користи и проектили со значително поголема и поразорна боева глава од оние на ракетите М31 што сојузниците му ги доставија на Киев како муниција за HIMARS и други MLRS.

Како што пишува специјализираниот воен портал „The War Zone“, станува збор за ракетниот систем Вилка-М што Украинците почнаа да го развиваат во последната деценија. Сепак, до сега не беше јасно дали развојот на системот е воопшто завршен, ниту пак имаше потврда дека е користен на боиштата во Украина по почетокот на руската инвазија.

Треба да знаете
Последни објави