Северна Македонија рефлектира ведности и затоа светот ја вклучи во обликувањето на колективната безбедност вели претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи во интервју за racin.mk.
,,Фактот дека сме мала држава се покажа дека не е обесхрабрувачки за да бидете важен на меѓународната сцена. Тоа значи дека доколку имате вредности и рефлектирате вредности, тоа светот го препознава и ве вклучува за да ги обликувате прашањата и на светско ниво. Тоа е приказната на Република Северна Македонија” вели Османи во интервјуто.
Претседавачот со ОБСЕ истакнува дека нашата држава верува и инвестира мултилатерализмот, бидејќи тоа е единствениот можен начин за справување со глобалните предизвици.
,,Сметаме дека мултилатерализмот ги заштитува вредностите и интересите на помалите земји. Нашето вклучување во тие платформи, меѓу кои освен претседавањето со ОБСЕ, Северна Македонија оваа година претседава и со А5 Јадранската повелба, претседаваме и со процесот за соработка на Југоисточна Европа, ние сме членка на НАТО, преговараме за членствио во ЕУ. Значи учествуваме во најважните мултилатерални органи и платформи во светот ние сме важен чинител бидејќи веруваме во мултилатерализмот и тоа е еден од приоритетите во нашата надворешна политика” истакна Османи.