ЕКСКЛУЗИВНО видео од мојот божемен “физички напад” на колешка, за што лажно ме обвинија од СДС.
Во позадина се слуша мојата реакција на навредите од колешката, додека премиерот ноншалантно си шета во салата.
Ова се фактите и ова е вистината, а својствено за СДС се обидоа да конструираат непостоечки физички напад, користејќи го имунитетот од говорница, за да ме омаловажат и дискредитираат, како би престанал да им ги кажувам криминалите. Но, го згрешиле човекот!
П.С. Го очекувам извинувањето за мизерната конструкција искажана на национален медиум