Италијанскиот атлетичар Самуел Чекарели сензационално ја освои европската титула на 60 метри победувајќи го сонародникот и олимписки шампион на 100 метри, Марчело Џејкобс во финалето на Европското првенство во сала во Истанбул. Речиси целосно непознат до Истанбул, 23-годишниот Чекарели го освои златото со време од 6,48 секунди пред Џејкобс (6,50) и Швеѓанецот Хенрик Ларсон (6,53).
Чекарели, исто така, истрча за една стотинка побрзо во полуфиналето, што го прави петтиот европски спринтер во сала на сите времиња.
Сензацијата ја најави пред две недели станувајќи италијански национален шампион кога ја победи ѕвездата Марчело Џејкобс.