Полицијата во Тексас уапси жена под сомнение дека ги убила своите три деца и тешко ранила две со нож.
Повикот во полиција пристигнал во петокот околу 16 часот, а по доаѓањето на местото на настанот затекнале грозоморна сцена.
Кај три деца била констатирана смрт на местото на настанот, а две биле пренесени во болница со хеликоптер.
Полицијата не сакаше да го открие идентитетот и возраста на жртвите, јавуваат тамошните медиуми.
Наводно соседите повикале полиција кога слушнале врисоци.
„По доаѓањето на местото на настанот во куќата наидовме на неколку жртви со убодни рани. Три лица починаа, а две се пренесени во болница. Сите жртви се малолетни, осомничениот е приведен“, соопшти кусо полицијата.