Фиорентина ја прекина низата на Милан од три последовни победи и го порази актуелниот шампион со 2:1. На петгодишнината од смртта на Давиде Астори, емоциите беа максимално изразени во Фиренца, а водството го донесе Нико Гонзалес од пенал во 49.минута.
Лука Јовиќ во 87.минута ја удвои предноста на „виолетовите“, а конечниот резултат го постави Тео Ернандез во судиското продолжение.