Почитувани граѓани, почитувани новинари,
СДСМ не дозволи профитерство врз грбот на граѓаните во време на криза.
Со одлуката за цената на лебот од најмногу 33 денари ги заштитивме граѓаните и стандардот.
Од денеска и производите на големите пекарници кои два дена ја бојкотираа оваа обврска се доставуваат до сите маркети со продажна цена од најмногу 33 денари.
Имајќи ги предвид повластената цена на електричната енергија, цените на пченицата, на природниот гас и горивата, цената од 33 денари е фер и во неа е вклучена и заработката на пекарниците.
Разгледуваме опции и за замрзнување на цените и на други основни продукти. Граѓаните, за нас секогаш се на прво место.
Ќе остане завележано дека единствени противници за мерката за леб од 33 денари и кои застанаа зад профитерите беа ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Кризните прифитери треба да се засрамат.
СДСМ е тука за граѓаните, продолжуваме со мерки и политики кои го штитат и унапредуваат стандардот на домаќинствата.