Кошаркарот на Мемфис Гризлис, Џа Морант е суспендиран на најмалку два натпревари, соопшти неговиот клуб. Причината за суспензијата е тоа што ноќта петок кон сабота покажал пиштол во живо на Инстаграм. Тој настан се случи само два дена откако Морант беше обвинет дека претепал малолетник летово.
Портпаролот на НБА, Мајк Бас, кусо ја коментираше ситуацијата.
„Свесни сме за објавата на Џа Морант на социјалните мрежи и истражуваме“, истакна тој.
Џа Морант е најголемата ѕвезда на Мефис Гризлис и беше дел од Ол-стар викендот оваа и минатата сезона. Сезонава тој има просек од 27,1 поен, 8,2 асистенции и 6,0 скока по натпревар, додека неговиот Мемфис е второпласиран во Западната конференција.