На местото на судирот меѓу двата воза во Лариса пронајдена црната кутија

На местото на судирот на два воза во Грција, во кој загинаа 57 лица, пронајдена е црна кутија од еден од двата воза, но засега не е прецизирано на кој му припаѓа,објави ТВ станицата „СКАИ“, пренесе Катимерини.

Началникот на станицата се соочува со тешки пријави за нарушување на безбедноста во сообраќајот, за што му се заканува казна затвор од десет години до доживотен затвор. Тој се соочува и со обвиненија за повеќекратно убиство од небрежност, како и обвиненија за нанесување телесни повреди.

Според обвинението поднесено против него, пропустите се сериозни, не се ограничуваат само на неговата грешка што го испратил возот во погрешен правец, туку се наведува и дека можел да го види возот што погрешно свртел и да ја поправи својата фатална одлука.

Треба да знаете
Последни објави