Останува запаметено дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ отворено се ставија на страна на профитерите и покажаа дека воопшто не водат грижа за доброто на граѓаните и нивниот стандард.
Додека Владата предовдена од СДСМ ја замрзна цената на лебот на 33 денари и ги обврза пекарниците да го ставаат во промет лебот по оваа цена, ВМРО-ДПМНЕ му го заврте грбот на народот и уште еднаш потврди дека важни му се само бизнис интересите на поединци.
СДСМ застана во одбрана на стандардот на граѓаните и нема да дозволи никој да ги осиромашува заради лично богатење, а ВМРО-ДПМНЕ смета дека граѓаните треба да плаќаат поскап леб, дека е оправдано некој да печали на нивна сметка.
Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е истата онаа партија којашто 11 години ги осиромашуваше граѓаните, додека поединци се богатеа.