Актуелниот првак Манчестер Сити го победи Њукасл со 2:0 на „Етихад“ и се доближи до лидерот Арсенал на два бода негатива. „Топчиите“ го пречекуваат Борнмут на домашен терен во ова коло.
Фил Фоден во 15.минута го отвори резултатот, откако со соло продор влезе во шеснаесетникот и го надмудри противничкиот голман.
Њукасл имаше одлична шанса во вториот дел преку Александер Исак, но Едерсон реагираше навремено и спаси погодок. Само неколку минути подоцна, Бернардо Силва, кој влезе во игра токму во вториот дел, погоди за 2:0 и за нов триумф за „граѓаните“.