(Видео) Брачен пар во Турција си го пронајде бебето на кое му ја загубиле трагата по земјотресот

По земјотресот што ја погоди Турција, Нергис и Чумали Бакајли ја изгубиле секоја трага на нивното 6,5 месечно бебе, кое е родено предвреме. По многудневна тага и вознемиреност, турската двојка конечно доживеала олеснување кога дознале дека детето е живо и здраво, пишуваат турските медиуми.

Бебето на Нергис и Чумали Бакајли се лекувало во болница во Караманмарас поради крварење во мозокот по предвремено породување. Откако земјотресите ја оштетија оваа болница, бебето прво било префрлено во градската болница во Мерсин, а потоа во болницата на медицинскиот факултет на Универзитетот Селчук.

Вработените во болницата во Селчук ги контактирале родителите и рекле дека бебето е со нив, живо и здраво. Во интервју за турските медиуми, мајката изјави дека сега е време за „повторно обединување“ на семејството.

-Пред земјотресот ќерка ми беше во болница. По земјотресот не можевме да ја најдеме. Се јави докторката и рече дека нашата ќерка е таму и дека нејзината состојба е многу добра. Господ да ги благослови сите. Се трудиме да опстанеме како семејство, вели мајката.

Таткото Нергис Бакајли е пресреќен откако конечно ја доби веста за девојчето.

Треба да знаете
Последни објави