Тен Хаг: Никогаш не сум видел полувреме како на „Енфилд“!

Манчестер јунајтед го доживеа најтешкиот пораз (0:7) во историјата на клубот во премиерлигашките фудбалски настапи на „Енфилд“ од Ливерпул. Тренерот Ерик Тен Хаг по резултаскиот дебакл се најде на удар на навивачите на „црвените ѓаволи“.

-Мислам дека игравме добро во првото полувреме, но направивме грешка во организација на одбраната пред паузата. Во второто полувреме не немаше на теренот. Нашата игра не беше како тим, не беше според нашите стандарди. Односот не беше професионален, јасно е дека сум многу лут. Изненаден сум затоа што во изминатите недели и месеци видов тим кој е во добра форма и со желба да победува во секој натпревар. Никогаш не сум видел нешто како второто полувреме на „Енфилд“. Ниту игравме како што треба, ниту си ја вршевме задачата. Не одговоривме на задачата по првиот гол, иако веќе претходно покажавме дека може да правиме пресврти, како на пример со Брентфорд и Манчестер сити. Овој резултат е големо разочарување и е неприфатлив за клуб како Јунајтед, но мора да го прифатиме и да работиме за да го обелиме образот, изјави Тен Хаг.

Манчестер јунајтед е на третото место на табелата во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави