Ковачевски: Вистинска демократија подразбира целосна еднаквост

Вистинска демократија, подразбира и родова еднаквост во сите сфери на живеењето, тоа е и европска вредност, порача претседателот Димитар Ковачевски од Прилеп на денешниот Марш по повод Осмомартовскиот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ.

„Република Северна Македонија ги почна преговорите со Европската Унија и преку политиките на дијалог во Парламентот и во општеството, ќе продолжи по европскиот пат и ќе стане членка на Европската Унија. Ќе се развиваме и економски и културолошки, рамо до рамо со демократскиот свет. Тоа е веќе неповратен процес” порача Ковачевски. 

Претседателот Ковачевски порача дека само тактичноста, со вербата и одлучноста, какви што ги има само жената, државата може да ги реализира своите стратешки цели, економски да се развива и да биде рамноправен член на европското семејство.

Треба да знаете
Последни објави