Рома преку Јуветус се врати на четвртата позиција во Серија А

Рома се врати меѓу првите четири тима на табелата во италијанската фудбалска Серија А, откако по засрамувачкиот пораз од последнопласираниот Кремонезе, вечерва на „Олимпико“ го совлада минимално Јувентус (1:0). Дербито во Рим го одлучи погодокот на Џанлука Манчини, постигнат во 53. минута. Ова беше прв гол на Манчини во Серија А по речиси две години!

Јувентус по голот беше тимот кој ја имаше иницијативата, но и покрај неколку добри шанси пред голот на домашните не постигна гол. Во самиот финиш, Јувентус остана со десет играчи, откако Моисе Кин реагираше неспортски.

Рома сега има 47 поени на четвртото место на табелата, еден поен зад градскиот ривал Лацио и израмнети со петтопласираните Милан. Јуве, пак, покрај казната од 15 поени, се осми со 35 поени.

Треба да знаете
Последни објави