Тетовец изрешетал двајца браќа на наплатната рампа Желино

На 04.03.2023 во СВР Тетово било пријавено дека во 11.19 часот на наплатна станица Желино, Џ.А (40) од Тетово, по претходна расправија, со пиштол пукал кон А.К.(34) и неговиот брат А.К.(32), при што двајцата се здобиле со повреди.

А.К. и А.К. биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош.

Јавен обвинител и полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави