Пари Сен Жермен го победи Нант со 4:2 на „Паркот на принцовите“, а Килијан Мбапе кој го постигна последниот погодок на овој меч, стана најдобар стрелец во историјата на клубот.
На 24-годишна возраст тој има 201 гол зад своето име во дресот на ПСЖ.
Лео Меси го отвори резултатот во 12.минута, а Хаџам пет минути подоцна си постигна автогол за 2:0. Но, Нант успеа да израмни до полувремето со головите на Блас и на Ганаго.
Данило Переира во вториот дел повторно обезбеди предност за ПСЖ во 60.минута, а Мбапе го потврди триумфот во судиското продолжение.
Мбапе синоќа стана прв стрелец во клупската историја на Пари Сен Жермен, има дадено 201 гол во дресот на Светците, надминувајќи ја 200-ката на Единсон Кавани кој имаше и 54 меча повеќе од Мбапе.
По тој повод, ПСЖ направи огромна фешта на „Паркот на принцовите“.
Мбапе кој има 24 години и 201 голови даде на 247 меча за ПСЖ, веќе е фокусиран на реванш дуелот со Баерн од ЛШ, в среда во Минхен.
„Подготвени сме за предизвикот кој е пред нас, мечот со Баерн. Одлучни сме, имаме голема самодоверба, одиме по победа“ – изјави Мбапе, кој не верува дека мечот со Баварците ќе има влијание врз неговата иднина во парискиот клуб.
Мбапе беше прашан дали неговите голови за ПСЖ број 202, 203 и 204 ги чува за дуелот со Баерн, Килијан одговори: „Да, можеби и повеќе од тоа. Ќе се обидеме.
An evening for the history books! ✨❤️💙#𝐊EEP𝐌AKINGHIS𝟕ORY pic.twitter.com/eu664c1Bk0
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) March 5, 2023