Цибона ја изненади Црвена звезда во АБА-лига

Цибона приреди големо изненадување во регионалната кошаркарска АБА лига, совладувајќи ја во Белград, фаворизираната Црвена звезда (85:81), за која ова беше само втор пораз во ова натпреварување сезонава. Цибона и сезонава се мачи со финаниски проблеми, но сепак денес прикажаа одлична игра. Натпреварот од почетокот до самиот крај беше изедначен, кога Цибона на една минута пред да се огласи последниот свиреж на сирената, поведе со шест поени.

Во тие моменти решавачка за конечниот исход беше неспортската лична грешка на Недовиќ по која составот од Хрватска ја задржа предноста и стаса до големата победа.

Треба да знаете
Последни објави