Владата до крајот на неделата ќе донесе одлука за намалување на цената на тестенините за 10 отсто, соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши, кој очекува трговците самоиницијативно да ја намалат цената дополнително.
Како што изјави Бектеши за 24Анализа тестенините од 51 денар ќе се продаваат за 44 денари, додека тестенините од 60 денари нема да бидат поскапи од 52 денари.
Тој им порача на трговците да се охрабрат и да ги симнат цените и под долната граница која ќе ја одреди Владата.
Како што рече министерот, Владата разговара со трите производители на масло за јадење во земјава, за намалување на цената на овој производ и постигнат е договор.
-Три големи производители најавија дека ќе имаат цени пониски од 100 денари за литар масло за јадење. Продолжуваме со другите производи – рече Бектеши.
Тој додаде дека при крај е анализата за млечните производи и дали ќе има замрзнување на цените во овој дел. Бектеши им порача на млекарите самоиницијативно да ги спуштат цените пред владата да донесе таква одлука.