Патнички воз излета од шините кај Зајечар во Србија. Во возот имало десет патници. Според српскиот национален сервис во инциднетот нема повредени, а надлежните за железничката инфраструктура на Србија соопштиле дека немало прекини во сообраќајот.
Според извештаите, на станицата Трнавац патнички воз кој сообраќал од Прахов кон Зајечар, додека тргнувал од третата пруга, со една од оските излетал од шините.
На терен има екипи кои ќе истражуваат што точно се случило. Според српските медиуми, речиси е сигурно дека причина за излетувањето на возот од шините не била брзината, бидејќи станицата од која тргнал возот била оддалечена само стотина метри и возот не можел да развие брзина поголема од 20 км на час.
На местото веднаш бил упатен помошен воз за расчистување на последици од вонредни настани, со цел возот што поскоро да се врати на шините.