Непознато лице со оружје влегло во гимназија во Загреб.
Информацијата за „Јутарњи лист“ ја потврдиле од полициската управа во Загреб.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, полицијата интервенирала и нема повредени во инцидентот.
„Индекс.хр“ од повеќе извори дознава дека младиот човек кој упаднал во училиштето бил вооружен со мачета.
Се’ уште се истражуваат сите околности и мотивот зад овој настан.
Според информациите кои ги доби „Јутарњи“, станува збор за помладо лице кое не е ученик во оваа гимназија. Вооружениот млад човек влегол во една од паралелките од четврта година, заканувајќи му се на професорот.
Според неофицијални информации, позадината на инцидентот е врсничка расправија поради која младиот човек влегол во училиштната зграда.
По инциденот тој побегнал од местото, а полицијата трага по него.