Германските автобуски превозници сè повеќе се принудени да ја ограничуваат својата понуда поради недостиг на возачи, објави Здружението на германските автобуски превозници (ВДВ). „Мене не ми е позната ниту една компанија од секторот за автобуски транспорт што не била принудена да откаже барем една линија поради недостиг на возачи“, рече претседателот на ВДВ, Харалд Краус.
Истражувањето меѓу германските автобуски превозници во јавниот сектор покажува дека 77 отсто од анкетираните имаат зголемена потреба од возачи до 2030 година.
Во исто време, голем број возачи би можеле да се пензионираат до 2030 година, што може дополнително да ја влоши ситуацијата со персоналот.
Краус објаснува дека во минатото многу возачи ја напуштале камионската индустрија поради пониските плати.
„Финансиските услови се подобрени сега кога важноста на јавниот превоз е зголемена, но едноставно има недостиг на персонал“, рече Краус.
Тој нагласи дека почетната саатница на возачите на автобуси во јавниот превоз во сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија е 15,60 евра, што, како што рече, е подобра од онаа на конкурентските компании, кои вработуваат и возачи.