Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека нов тренер на екипата е Александар Јовиќ.
Воедно за нов стручен тим-менаџер е назначен поранешниот селектор на најдобрата македонска репрезентација, Звонко Шундовски.
Управата на РК Еурофарм Пелистер смета дека ова е најдоброто можно решение за постигнувањето на главната цел оваа сезона.
– Упатуваме голема благодарност до Јовиќ и до Шундовски кои во овие сензитивни и значајни моменти го прифатија големиот предизвик. Клубот наскоро ќе го објави составот на стручниот штаб и реорганизацијата до крајот на сезоната – соопштуваат од РК Еурофарм Пелистер.
Потсетување дека тимот од Битола откако не успеа да се пласира во осминафиналето на ЕХФ Лига Европа, го раскина договорот со досегашниот тренер, Данецот Ларс Валтер.