Два воени авиони се судриле во лет и се урнале во близината на Рим

Два воени авиони од типот „SIAI-Marchetti S“ денеска околу 11 часот се судриле во лет и се урнале во близината на Рим, јавија италијанските медиуми.

Едниот авион се урнал на земја во воздухопловната база Гвидонија, а другиот на паркиран автомобил на улица.

Освен пилотите кои загинале во авионите немало други лица, јавуваат италијанските медиуми.

Авионите, се судриле во лет за време на мисија за обука и паднале во близина на воениот аеродром лоциран североисточно од Рим. Несреќата се случила околу 11 часот утринава.

Треба да знаете
Последни објави