Челниците на најсилната кошаркарска лига во светот НБА направија корекција во статистиката за последниот натпревар на ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо, по што тој остана без учинок од нов трипл-дабл во дуелот со Вашингтон одигран пред неколку дена.
На Адетокумбо во последните секунди од средбата му недостигаше еден скок за да прокнижи трипл-дабл остварување, па намерно ја фрли топката во таблата за да му се прокнижи скок и да го комплетира потребното статистичко остварување трипл-дабл. НБА ја преиспита ситуацијата и го поништи неговиот 10. скок врз основа на тоа што не се обидел да го погоди обрачот.
Така, Адетокумбо за 36 минути има 23 поени, 9 скока и 13 асистенции.
The league has rescinded Giannis Antetokounmpo's 10th rebound last night, per @ZachLowe_NBA
— NBACentral (@TheNBACentral) March 6, 2023
pic.twitter.com/MT7WpyhPwe