Советничката група на СДСМ до Советот на град Скопје поднесе предлог за дополнување на дневниот ред со Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Јавната установа Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија.
Оваа овој предлог не беше усвоен затоа што за него гласаа само девет советници, додека другите воопшто не гласаа со што не се исполни минимумот од 11 гласа за оваа точка да се најде на дневен ред.
СДСМ вчера ја поднесе иницијативата со цел проектот да продолжи да го реализира Владата, откако Град Скопје повеќе од една година го има прекинато овој проект.
„Ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата, Владата која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори. Универзална сала е симбол на Скопје, симбол на солидарноста кој е изграден по земјотресот преку донации од десетици држави. Генерации скопјани израснале со настани во Универзалната сала“ изјавија вчера од СДСМ.