Австралискиот премиер планира средба со Бајден по посетата на Индија

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека планира да се сретне со претседателот Џо Бајден во САД по неговото патување во Индија оваа недела.

Неговата изјава доаѓа во време на шпекулации дека лидерите ќе дадат изјава за плановите на Австралија за изградба на нуклеарни подморници.

Албанезе не даде многу детали за патувањето во САД, само рече дека ќе има дополнителни најави за тоа што следува. Тој од денеска до сабота е во посета на Индија.

Дел од австралиските медиуми јавија дека британскиот премиер Риши Сунак може да им се придружи на Бајден и Албанезе во САД за да дадат заедничка изјава за договорот меѓу трите земји според кој Австралија ќе изгради флота од нуклеарни подморници со американска технологија. 

Треба да знаете
Последни објави