Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (08.03.2023), поради најавено одржување на марш за женски права, со почеток во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.
Притоа, трасата на движење е од плоштадот „Филип Втори Македонски”, во продолжение по ул.„11 Март”, право на бул.„Гоце Делчев”, десно по бул.„Илинден”, лево по бул.„Св. Климент Охридски”, лево по ул.„Димитрие Чуповски”, во продолжение по ул.„11 Октомври” и лево до парк „Жена борец”.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива маршот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.