Црвена ѕвезда го совлада Анадолу Ефес со 94-75 во меч од кошаркарската Евролига, благодарение на феноменално одиграната последна четвртина која Црвено-белите од Белград ја добија со 26-8.
Ѕвезда индиректно му помогна на Партизан, бидејќи на Црно-белите, Ефес им е еден од конкурентите за место во плејофот. Ѕвезда уште е далеку од осмото место кое води во разигрувањето, но има доволно мепеви до крајот за да се пробие во плејофот.
Во своето домашно деби за Звезда, Аргентинцот Кампацо постигна 22 поени (7-од-8 во игра) и додаде седум асистенции за фантастичен триумф над турскиот клуб. Поразот тешко му падна на тренерот Ергин Атаман, кој во поголемиот дел од мечот се расправаше со судиите за да биде исклучен со втората техничка грешка во последната четвртина.
За Ефес, кои беа без повредените Василије Мициќ и Шејн Ларкин, Анте Жижиќ беше најефикасен со 16 поени, а Родриг Бобоа додаде 15 поени.