Претседателот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, Жоан Лапорта изјави дека е подготвен да му понуди нов договор на тренерот Чави.
– Мислам дека Чави заслужува нов долгорочен договор. Тој сака да потпишеме нов договор доколку тимот ја освои Ла Лига, но мислам дека уште сега би било можно да се потврди нашата нова соработка, изјави Лапорта.
Актуелниот договор на Чави со Барселона е до јуни 2024 година.
Барселона е лидер во Ла Лига со 62 бода од 24 натпревари.