Новиот министер за здравство Фатмир Меџити не видел како неговите колеги министри од ДУИ вчера направија антистрес-забава и играа фудбал и кошарка во канцелариите на Министерството за политички систем.
„Искрено не сум го видел тоа. Многу сум зафатен со моите предизвици. Не можам за тоа да коментирам“, рече денес министерот Меџити.
Антистрес-забавата на министрите од ДУИ, за која на социјалните медиуми се пофали првиот вицепремиер Артан Груби со објаснување дека денот вчера бил голем, наиде на осуда од јавноста.
Многумина денес очекуваат извинување од министрите поради тоа што нивното однесување го толкуваат како непримерно.