ДУИ владее со оваа држава повеќе од 20 години. ДУИ е тој којшто си ја менува власта по потреба, му служат и едни и други, затоа што такви им се партнерите и тоа мора час поскоро да го спречиме. Првично со пушка влегоа во Собрание, на парламентарни избори добија поддршка, легитимитет. Од законодавната ја преземаа извршната власт, ставија контрола на целата извршна власт, а денеска на ред ви е правосудството и дополнително обвинителството”. Ова вечерва го истакна градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во интервјуто за Макфакс.
Во емисијата тој потенцираше дека државата не се менаџира, таа е пуштена во слободен пад.
„Едноставно секој гледа да изнајде начин како да приграби повеќе да си го докапитализира личниот капитал и потоа веројатно повторно да замине”, рече Димитриевски.