Преземено од Агротим.мк
Многумина од нас не знаат за жените кои придонеле за развојот на земјоделството и сродните гранки низ годините. Придонесите на овие жени во голема мера влијаеле на земјоделските иновации. Во продолжение ќе се потсетиме на некои од нив.
Хариет Вилијамс Расел Стронг (1844-1926)
Хариет Вилијамс Расел Стронг била заштитничка на водите на Америка. Бидејќи формалното високо образование за жените во тоа време било ограничено, Стронг студирала кај приватни предавачи и во школата за млади дами Мери Аткинс.
Во 1883 година останала вдовица со непрофитабилна фарма од 220 хектари и четири ќерки за одгледување. Нејзините обиди за наводнување резултирале со неуспешни посеви на пченица, ‘рж и јачмен, што ја поттикнало да експериментира за да открие кои култури можат успешно да се одгледуваат на нејзината земја.
Специјалните посеви, вклучително и 150 хектари ореви, успеала успешно да ги одгледува благодарение на нејзиното истражување и дизајнот на ефикасен систем за наводнување.
За помалку од пет години таа била водечки производител на ореви во земјата, со профит од над милион долари. Дизајните на Стронг станале модел за изградба на браната Хувер, а нејзините системи за наводнување биле прифатени од многу фармери.https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fphoto.php%3Ffbid%3D646190307514070%26set%3Da.394680785998358%26type%3D3&show_text=true&width=500
Алис Катерин Еванс (1881-1975)
Еванс била микробиолог која дала значителен придонес во млечната индустрија со нејзиното истражување за болестите на сирово млеко, поради што го добила прекарот „Пионер на безбедното млеко“.
Како и на другите жени, образованието не и било лесно достапно, но со нејзината упорност успеала да дипломира бактериологија на Универзитетот Корнел и да добие магистерска диплома на Универзитетот во Висконсин.
Нејзиното истражување било фокусирано на проучување на два специфични вида бактерии пронајдени во сировото млеко, меѓусебно сродни и способни да се пренесат од животните на луѓето.
Нејзината работа не била добро прифатена од академиците и од фармерите, кои ја обвиниле за „мешање“ со компаниите што произведуваат опрема за пастеризација. Поради нејзината работа, сепак, бил откриен нов род на бактерии – бруцелоза, што на крајот довело до задолжителна пастеризација на млекото.
Марија Андраде (родена во 1958 година)
Истражувањето на д-р Марија Андраде довело до воведување на девет сорти на сладок компир отпорни на суша кај фармерите во Мозамбик. Заедно со нејзините колеги, д-р Роберт Мванга и д-р Јан Лоу, развиле биолошки збогатен сладок компир. Овој сладок компир збогатен со витамин А бил одгледуван за да напредува во различни услови на субсахарска Африка и да се спротивстави на недостаток на витамин А. Со едукација на земјоделците и потрошувачите, Марија и нејзините колеги го премостиле јазот помеѓу земјоделството, исхраната и здравјето, менувајќи ја работна динамика на меѓународната заедница.