Министерот за правда Кренар Лога во интервју за телевизијата Алсат-М рече дека ја добил поддршката од Премиерот на државата, но и од другите политички партии да го започне патот кон процесот на ветинг. Решението што треба да се бара, според него, е систематско решение во правосудниот систем, а за ова ќе биде потребна и посветеност на законската рамка. За реформите во судството и обвинителството, министерот Лога рече дека се направени одредени измени од стратегијата за 2017 година, но дека сега треба да се направат некои други измени, почнувајќи од системот за следење на електронската распределба на предметите.
,,Денот кога влегов во министерството, прашав, како во обвинителството електронски се врши следењето на процесите на распределба на предметите.Таму ми рекоа дека од 1 јануари почнал да се спроведува овој процес, но всушност ова се спроведува и во системот на судството.Во однос на злоупотребите со АКМИС , сега министерството ќе има свој инструмент да го контролира овој процес преку своите органи, колку предмети се во процесот и како се поделени и тоа што побарав за истото законско решение треба да важи и за процесот на избор на предмети во обвинителствата на земјата. Значи, и таму ќе има законски измени, а член 107 ќе се измени и ќе се додаде да може да има надзор и Министерството за правда”, рече министерот за правда Кренар Лога.