Денеска (08.03.2023) во 00.44 часот пред с.Долнени, прилепско, вработени во шумската полиција, додека извршувале службени дејствија, пронашле товарно возило „там” без регистарски ознаки и го одзеле.
При тоа биле физички нападнати од Р.М. од с.Црнилиште и уште три лица, кои со патничко возило „фолксваген пасат” и со тврди предмети ги оштетиле службеното и одземеното возило.
Притоа, еден од вработените во шумска полиција испукал во воздух еден куршум од службениот пиштол, во знак на предупредување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.